Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БЕГ остана без трите лиценци за парно, на ред е Владата да најде нов снабдувач

/

пред 1573 дена

Сподели преку :

Одземени трите лиценци за парно на БЕГ, на потег е владата која треба да најде  нов снабдувач,  кој ќе ги грее скопјани  следната зима.

Откако  минатата недела Балкан Енерџи остана без лиценцата за производство, денеска РКЕ ги  одзема и останатите две лиценци, за снабдување и дистрибуција.

Сега Владата треба да објави тендер,  на кој ќе се избере компанијата која ќе ја врши работата на БЕГ, а додека тоа не се случи, сегашниот снабдувач има обврска да го прави тоа.

Опциите се или друга компанијата да ги грее скопјани, или пак тоа да го прави ЕСМ.

Опција имаше снадбувањето да оди и кај Градот Скопје, но таму  се изјаснија дека не се финансиски подготвени да ја преземат обврската на БЕГ.

Одлуката за одземање на лиценците дојде откако  по драстичнито скок на цените на гасот на берзите,  БЕГ наиде на потешкотии во работењето.

За финансиски да и се помогне на компанијата, државата прогласи и кризна состојба на пазарот со топлинска енергија.