Македонската машка одбојкарска репрезентација со два порази во фазата по групи го заврши настапот на Медитеранските игри во Алжир.
По вчерашниот неуспех во соочувањето со Египет, Македонија денеска е поразена од Италија со 3:0 по сетови 25:19, 25:16 и 25:23.
Токму двете селекции кои забележаа убедливи победи во дуелите против нашите одбојкари ги продолжуваат настапите на Медитеранските игри.
ФОТО: Игор Паневски











