Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чилиќ и Беретини позитивни на Ковид-19

/

пред 1559 дена

Сподели преку :

На терените на Ол Ингланд клубот во Вимблдон денеска се играат мечевите од првото коло. Поради позитивен резултат на тестирање на инфекција со корона вирусот од турнирот се повлекоа Марин Чилиќ и Матео Беретини

Хрватскиот тенисер денеска требаше да го одигра мечот против Мекензи МекДоналд, но неговото место ќе го заземе среќниот губитник од квалификациите, Португалецот, Нуно Боргес.

Инфекцијата со Ковид-19 може да го загрози и натамошното учество на турнирот на Новак Ѓоковиќ, кој до неделата заедно тренираше со Хрватот, но барем до овој момент нема индиции дека и тој може да добие позитивен резултат.

Според протоколите ќе се следи здравствената состојба на првиот носител и тој нема да се тестира се додека не се појават првите симптоми.

Пред денешниот настап позитивен резултат на тестирањето имаше и еден од фаворитите за трофејот Матео Беретини кој во попладневната програма требаше да се соочи со Чилеанецот, Кристијан Гарин и неговото место ќе го заземе Елијас Имер.