Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба со фотографии од концертите на легендарниот Ник Кејв во КИЦ

/

пред 1562 дена

Сподели преку :

Ник Кејв, славниот музичар, пејач, поет и изведувач е во фокусот на осмото издание на Скопје синема сити, фестивалот на музички документарци. Фотографии од бројните концерти на Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години, дело на белградскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ за прв пат има можност да ги види и домашната публика во Културно-информативниот центар.

„Најфасцинантна е неговата музика, секако, неговиот пристап кон публиката, атмосферата која ја создава како да настапува пред 50 луѓе, а настапува понекогаш и пред 20.000 луѓе. Во принцип е навистина тешко да се направат овие фотографии, затоа што Ник Кејв не е некој љубител на светла и не дозволува секогаш да се фотографира од публика. Вистина е тешко да се фотографира преку толку многу публика кој го опкружува, затоа и одредени фотографии се едвај направени и навистина сум горд на нив“ – изјави фотографот Немања Ѓорѓевиќ.

Во рамките на Фестивалот утревечер во Кинотеката на Македонија е проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20.000 дена на Земјата“, во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекцијата ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на фестивалот Докенритам од Белград.

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр.

Филмот е во нарација на Лори Андерсон.

Нина Стефанова