Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трет тенисер на Вимблдон позитивен на Ковид-19

/

пред 1557 дена

Сподели преку :

Шпанецот, Роберто Баутиста Агут е третиот тенисер кој настапува во Вимблдон, а има позитивен резултат на тестирањето на инфекција со корона вирусот.

“Денеска ги известив организаторите дека чувствувам симптоми и дека сум сигурен дека станува збор за Ковид-19. Симптомите не се сериозни, но најдобро за сите е да се повлечам од турнирот”, напиша на својот профил на Твитер, Баутиста Агут.

Триесет и четири годишниот тенисер од Шпанија во првото коло успеа да го совлада Атила Балаш, а денеска требаше да се соочи со Колумбиецот, Даниел Галаном кој во продолжението на турнирот ќе го заземе неговото место.

Баутиста Агут по Матео Беретини и Марин Чилиќ е третиот тенисер кој поради Ковид-19 мораше да го напушти турнирот.