Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките завршија со победа на Медитеранските игри

/

пред 1554 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација во последниот настап на Медитеранските игри во Алжир успеа да ја совлада домашната селекција со 31:23 и на крајот го освои седмото место.

Во поголемиот дел од првото полувреме се водеше рамноправна борба во која двете селекции се менуваа во водство, но ниту еден од противниците немаше поголема предност од еден погодок.

Во завршницата нашите ракометарките успеаа да направат серија од 5:1 и на одмор заминаа со предност од 16:12.

Во продолжението избраничките на селекторот Љубомир Савевски не само што ја одржуваа предноста на почетокот од вториот дел имавме и двоцифрена предност која беше решавачка за конечен триумф од 29:23.

Најефикасна во македонската репрезентација со 10 гола беше Теодора Дуковска, Јована Кипријановска, Сара Миновска и Борјана Коцева.

ФОТО: Игор Паневски