Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите поразени од Египет, утре ќе се бориме за бронза на МИ

/

пред 1554 дена

Сподели преку :

Машката ракометна репрезентација на Македонија по поразот од Египет со 34:20 не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир.

Египќаните уште од самиот почеток на натпреварот го преземаа водството, а како одминуваше времето разликата се заголемуваше и на крајот забележавме убедлив пораз.

Во најголемиот дел од првото полувреме Египет немаше поголема предност од четири гола, но во завршницата со серија од 5:1 стигна до водство од 16:10 што беше и конечен резултат по првите половина час игра.

По десетина минути игра во второто полувреме Египет веќе имаше двоцифрена разлика и беше јасно дека подмладениот тим на Македонија не може да му се спротивстави на поквалитетниот противник, кој е и еден од главните фаворити за златото.

Египет на крајот славеше со 34:20 и во битката за првото место го чека епилогот од второто полуфинале во кое Шпанија се среќава со Србија.

Најефикасни во македонската селекција со по три гола беа Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ, Иван Џонов и Павле Атанасиевиќ.

ФОТО: Игор Паневски