Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шарл Мишел во посета на Скопје – во знак на поддршка на француската предлог преговарачка рамка

/

пред 1570 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел  денеска пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија.

И Европската Комисија вчера го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ. Велат информирани се за протестите против предлогот, како и за ставот на опозицијата која смета дека документот не е доволно добар.

Токму затоа, комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“, потенцира Европската Комисија. Оттаму тврдат и дека наскоро ќе соопштат детали за договорот со Фронтекс, кој Софија досега го блокира поради македонскиот јазик.