Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите останаа без медал на Медитеранските игри

/

пред 1552 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација во мечот за третото место на Медитеранските игри во Алжир е поразена од Србија со 34:29.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров добро го отворија мечот и во почетната фаза на моменти имаа и предност од три погодоци, но во продолжението Србија со серија од 7:3 не само што го анулираа нашето водство и на одмор заминаа со предност од 15:13.

И на почетокот од второто полувреме се водеше рамноправна борба. Во еден момент нашата селекција успеа и да го израмни резултатот, но набргу потоа противникот повторно стигна со плус три, а на половина од вториот дел поведе и со пет гола разлика.

Селекцијата на Србија оваа предност ја одржуваше до крајот на натпреварот за конечен триумф од 34:29.

Најефикасни во редовите на Македонија со по пет гола беа Петар Атанасијевиќ и Костадин Петров, а по три пати прецизни беа Томислав Јагуриновски, Александар Петровски и Мартин Серафимов.

ФОТО: Игор Паневски