Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тенисерките со нова убедлива победа на Били Џин Кинг купот

/

пред 1552 дена

Сподели преку :

Женската тениска репрезентација на Македонија и во вториот настап во фазата по групи од третата група во Били Џин Кинг купот успеаа да забележат победа.

Овој пат со 3:0 нашите тенисерки триумфираа на Боцвана и утре во мечот против Јужна Африка ќе се бориме за освојување на првото место.

Првиот поен за Македонија го освои Магдалена Стоилковска која во два сета беше поуспешна од Челзи Чаканјука. Во вториот дуел во поединечна конкуренција, Лина Ѓорчевска со 6:1 и 6:1 славеше над Екуа Јури.

Нашите тенисерки беа супериорни и во игра на двојки каде Ѓорчевска и Стоилковска со 2:0 триумфираа над Чаканјука и Јури.

Утрешниот дуел со Јужна Африка се игра на централниот терен на Тенискиот клуб Југ и почнува во 10 часот.

ФОТО: Игор Паневски