Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косово противник на тенисерките во полуфиналето од Били Џин Кинг купот

/

пред 1550 дена

Сподели преку :

Македонската женска тениска репрезентација за пласман во финалето на Били Џинг купот утре ќе се соочи со селекцијата на Косово.

Нашиот следен противник во првиот круг од натпреварувањето беше дел од Д групата каде успеа да ги елиминира селекциите на Албанија и Кенија додека со службен резултат 3:0 го доби соочувањето со Намибија.

Во првото коло Косово со 3:0 славеше против Кенија, а во второто славеше над Албанија со 2:1.

Во поединечна конкуренција две победи за селекцијата на Косово освои Адријана Лекај која на ВТА листата е 1171 во игра на двојки.

По една победа на турнирот забележаа Доника Башота и Веса Ѓинај, а единствениот загубен меч до овој момент е во игра на двојки против Албанија во кој Башота и Форта Морина во три сета беа совладани од Кристал Дуле и Реа Чинами.

Во второто полуфинале ќе се сретнат селекциите на Португалија и Република Ирска. Промоција во повисок ранг од третата група во Били Џин Кинг купот обезбедува само победникот во големото финале.

Мечот против Албанија се игра утре на централниот терен на Тенискиот клуб Југ, а почетокот е закажан за 9 часот и 30 минути.

 

ФОТО: Игор Паневски