Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без руски атлетичари на Светското првенство во Јуџин

/

пред 1549 дена

Сподели преку :

Светската атлетска федерација ја потврди одлуката според која на натпреварувачите од Русија нема да им биде дозволен настап на претстојниот Мундијал што ќе се одржи во Јуџин.

Федерацијата уште во февруари оваа година поради инвазијата на Русија врз Украина им забрани на атлетичарите од оваа земја да бидат дел од големите натпреварувања, а првиот човек на организацијата потврди дека оваа одлука важи и за шампионатот во Јуџин.

Во прилог на оваа одлука беше објавен список од 18 руски атлетичари кои може да настапуваат на атлетските митинзи и тоа како неутрални спортисти, но забраната за настап на Светскиот шампионат останува на сила.