Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во јули во САД прикажан најголемиот дефицит во последните 12 години

/

пред 2220 дена

Сподели преку :

Надворешно-трговскиот дефицит на САД во јули скокна на 63,6 милијарди американски долари, што е највисок во последните 12 години, поради рекордниот скок на увозот.

Јулискиот дефицит во САД е резултат на рекордното зголемување на увозот од 10,9 проценти, на 231,7 милијарди американски долари, додека извозот, иако зголемен, изнесува 168,1 милијарди

Министерството за трговија на САД објави дека односот на вредноста на увозот и извозот е за 18,9 проценти поголем во јули отколку во јуни, кога дефицитот во надворешната трговија изнесува 53,5 милијарди американски долари.

Ова е најголемиот месечен дефицит од јули 2008 година, за време на економската криза.

Во претседателската кампања во 2016 година, една од целите на претседателот Доналд Трамп беше намалување на дефицитот во надворешната трговија, пред се со Кина, која со години има голем трговски суфицит со САД. Меѓутоа, и покрај ветувањето тој остана висок, па во јули изнесуваше 31,6 милијарди американски долари или 11,5 проценти повеќе отколку во јуни.