Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билјана Драгичевиќ и Велешкиот театар наградени на фестивалот „ Актерот на Европа“

/

пред 1549 дена

Сподели преку :

Актерката на Драмскиот театар , Билјана Драгичевиќ- Пројковска е добитничка на главната награда „ Актерот на Европа“ за 2022, доделена во рамките на синоќешното затворање на 20 јубилејно издание на истоимениот  меѓународен фестивал, што се одржува во Преспа. Драгичевиќ – Пројковска ја освои наградата за ликот од монодрамата „ Кармен“, во режија на нејзиниот сопруг Дејан Пројковски. А, награда од публиката за најдобра претстава освои театарот „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, од Велес, за  претставата „ Синиот портокал“. Покрај Драгичевиќ- Пројковска, награда „ Актерот на Европа “ , освои и Исмет Аземи од Косово, за улогата во претставата „ Четирите еполети“, во продукција на Градскиот театар од Митровица.

Претставата „Четирите еполети“ освои награди и за најдобра режија, (на Хаќиф Мулиќи) и „Преспански Дионис“, што му припадна на актерот Басри Луштаку од Косово.
За најдобра претстава во целина беше прогласена „Пеликанот“, по текстот на Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, а во режија на Теодора Сиљаноска. Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“, од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја освои наградата „Жак Лакариер“, за оригинална театарска инвентивност.

За наградите одлучуваше жирито во состав: Мето Јовановски (претседател), Елена Трајковска и Владимир Стојчевски.

Фестивалот „ Актерот на Европа“ започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.