Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без спортисти од Русија и Белорусија на ЛОИ 2024

/

пред 1546 дена

Сподели преку :

Иако до почетокот на следните Летни игри има уште две години, Интернационалниот олимпски комитет најавува дека е голема шансата на натпреварувањето во Париз да нема спортисти од Русија и Белорусија.

Членот на Извршниот комитет на олимпиското движење Крег Риди изјави дека одлуката за учеството на натпреварувачите од двете земји на Игрите во француската престолнина мора да се донесе во блиска иднина бидејќи веќе од септември почнува борбата за норми за учество на најголемото натпреварување, а спортистите од двете земји се уште немаат право на настап.

Од спортовите во олимписката програма само тенисерите, велосипедистите и џудистите може да партиципираат на големите натпреваувања и Риди потенцира дека најверојатно само тие може да изборат норма за настап во Париз.

Тој истакна дека тешко е да се менуваат правилата посебно во екипните спортови каде местата се обезбедуваат преку учества на светските и европските првенства каде нема да партиципираат репрезентациите од двете земји.

Според тоа голема е веројатноста ако во блиска иднина не се укинат санкциите спортистите од двете земји да немаат своите претставници во Париз.