Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фара во Британија пристигнал како роб

/

пред 1546 дена

Сподели преку :

Шокантно признание на еден од најдобрите атлетичари на долги патеки, Мо Фара. Тој во документарниот филм на BBC открива како пристигнал на Островот и откри детали за првите години минати во Велика Британија.

Фара за прв пат во животот призна дека е роден во Џибути и неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин. Неговите родители никогаш не живееле во Обединетото кралство, а неговиот татко го загубил животот во Граѓанската војна кога имал четири години.

Потоа бил одвоен од мајка му и во Велика Британија бил нелегално донесен кога имал девет години каде бил присилен да работи како слуга истакнувајќи дека некој од неговото семејство бил вмешан во киднапирањето.

Фара со атлетика почнува да се занимава на 14 годишна возраст и од тој момент стартува една блескава кариера која е крунисана со четири олимписки злата и шест најсјајни одличја на Светските шампионати.