Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обештетувањето на депозитите од Еуростандард банка ќе биде еднократно, датумот на исплата познат во следните денови

/

пред 2220 дена

Сподели преку :

Фондот за осигурување на депозити информира дека обештетувањето на депозитите до 30.000 евра за физичките лица во „Еуростандард банка“ ќе се исплаќа еднократно, а ќе биде достапно од денот кога ќе почне исплатата.

Депонентот за обештетување ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата. По истекот на овој период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат правото на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити.

– Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата, велат од Фондот за осигурување на депозити