Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО/ВИДЕО: Пристигна Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на ЕК

/

пред 1561 дена

Сподели преку :

Претпладнево пред 11 часот на скопскиот аеродром слета претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, која ќе присуствува на собраниската седница на која ќе се расправа за преговарачката рамка од францускиот предлог.

Ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пред обраќањето во Собранието, Фон Дер Лајен ќе осватри средби со Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Истовремено пред Собранието, има протести против францускиот предлог.

Вчера на официјалниот твитер профил на ЕК, беше најавено дека Фон Дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател и ќе зборува пред „северномакедонскиот“ парламент, што е спротивно на Преспанскиот договор чиешто почитување е една од обврските за Македонија во преговарачката рамка, а исто така е и обврска за ЕУ и земјите членки. По реакциите на МНР и јавноста, грешката беше исправена, иако не беше објаснето кој е одговорен.

Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“ и ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“