Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарките во четвртфиналето против Словенија

/

пред 1544 дена

Сподели преку :

Женската репрезентација на Македонија на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија се пласираше во четвртфиналето, а противник во првата елиминациска рунда ќе им биде селекцијата на Словенија.

Македонската репрезентација место меѓу осумте најдобри обезбеди откако во последното коло ја совлада Романија со 55:53 и поради подобар скор во меѓусебните дуели ја освои втората позиција во Ц групата.

Репрезентацијата на Македонија за влез полуфиналето со Словенките ќе се соочи утре, а мечот се игра во А1 арената Борис Трајковски.

Словенечките кошаркарки во првиот круг беа дел од Д групата и забележаа три победи во мечевите против Норвешка, Словачка и Исланд.

Во останатите три четвртфинални дуели ќе се сретнат Турција – Германија, Израел – Грција и Црна Гора – Норвешка.

ФОТО: Игор Паневски