Собраниската седница на која ќе се разгледува францускиот предлог за преговарачка рамка за Македонија беше прекината и ќе продолжи утре.
Денешната расправа помина во хаотична атмосфера откако пратениците од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со свирежи, вувузели и други предмети создаваа голема врева и не дозволија да се слушне говорот на премиерот Димитар Ковачевски и другите пратеници од редовите на мнозинството .











