Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради операција на коленото Илиев ќе паузира три месеци

/

пред 1547 дена

Сподели преку :

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Дејан Илиев поради операција на коленото ќе мора да паузира околу три месеци.

Илиев подолг период има проблеми со повреди, а по препорака на лекарите тој мораше да направи уште хируршки зафат за да ја санира повредата на менискусот.

“„Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Бениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки моменти! Тешката работа започнува сега ќе се вратам посилен”, напиша Илиев на социјалните мрежи.

Поради рехабилитацијата тој го пропушти стартот на сезоната во словачкото првенство, а нема да биде во комбинација и за дуелите на националниот тим со Бугарија и Грузија.

ФОТО: Игор Паневски