Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарките ќе се борат за полуфинале на ЕП во Скопје

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

Македонската женска репрезентација вечерва од 18 часот и 45 минути против селекцијата на Словенија ќе го одигра четвртфиналниот дуел на Европското првенство Б дивизија за кошаркарки до 20 години.

По две победи во фазата по групи нашата репрезентација има шанса да влезе меѓу четирите најдобри што е извонреден успех. Противник ни е селекцијата на Словенија која во првиот дел од натпреварувањето имаше максимален учинок.

Мечот се игра во А1 арената Борис Трајковски, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Четвртфиналната програма се отвора во 14:15 часот со дуелот меѓу Турција и Германија од 16:15 ќе се соочат Израел и Грција, а за 21 часот е закажан почетокот на мечот во кој Црна Гора игра против Норвешка.

ФОТО: Игор Паневски