Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот во Лозана ја одби жалбата на руските клубови

/

пред 1547 дена

Сподели преку :

Фудбалските клубови од Русија немаат право на настап и во новата сезона од европските натпреварувања.

Судот за спортска арбитража во Лозана денеска ја отфрли жалбата на клубовите кои бараа поништување на одлуката на УЕФА и ФИФА за нивна суспензија поради агресијата на Русија врз Украина.

Со денешното отфрлање на жалбата Судот практично ја потврди одлуката на Светската и Европската фудбалска асоцијација и клубовите од Русија немаат право на настап во трите натпреварувања во организација на УЕФА.

Судот за арбитража во блиска иднина треба да ја разгледува и жалбата за забрана за настап и останатите Спортски асоцијации на Русија, но според денешната одлука тешко може да се очекува поинаков епилог.

ФОТО: Игор Паневски