Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона не сака да го продава Де Јонг

/

пред 1547 дена

Сподели преку :

Во последно време се објавуваат многу контроверзни информации околу трансферот на Франки Де Јонг од Барселона во Манчестер Јунатед.

Од веста дека двата клуба се договориле за заминувањето на Холанѓанецот во Англија, преку информациите дека Де Јонг не го напушта Камп Ноу пред да му се исплатат долговите до последната изјава на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дека тој не е за продажба.

“Се што се појавува во медиумите не е точно. Немаме причина да го продаваме Де Јонг. А за тоа дали тој ќе патува со екипата во САД ќе реши тренерот Чави”, изјави првиот човек на Барселона, Лапорта.

Зад изјавата на претседателот застана и спортскиот директор Матеу Алемани.

“Правилата за финансиски фер плеј во Шпанија се јасни и ние мораме да продадеме некој фудбалер. Мислам дека тоа нема да биде Френки бидејќи тој има големо значење за екипата”, рече Алемани.

Тој на крајот истакна дека се уште е неизвесна ситуацијата околу трансферот на Роберт Левандовски. Алемани рече дека Полјакот се уште е под договор со Баерн и се уште не може да каже дали има или нема шанси тој да дојде во редовите на Барселона.

ФОТО: Игор Паневски