Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите кошаркари отвораат против Австрија

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

Македонската машка репрезентација денеска ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство Б дивизија за кошаркари до 20 години.

Нашата селекција на стартот ќе се соочи со Австрија, а почетокот на мечот што ќе се одигра во Тбилиси е закажан за 19 часот и 15 минути.

Покрај овие две селекции во Б групата ќе настапат уште репрезентациите на домаќинот Грузија, Шведска и Косово.

Според квалитетот на составот, Македонија има големи шанси да се пласира во следната рунда и се вбројува меѓу тимовите кои може да конкурираат за висок пласман па и за промоција во елитната група.

Викендов нашиот тим ќе одигра уште две средби и тоа против Шведска и Косово, а по два дена пауза в сред не очекува соочувањето со Грузија која би требало да ни е директен конкурент за првото место во групата.

ФОТО: Игор Паневски