Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарските надежи ја декласираа Австрија

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

На стартот од Европското првенство за кошаркари до 20 години, репрезентацијата на Македонија ја декласираше селекцијата на Австрија совладувајќи ја со 90:54.

Клучна за триумф беше првата четвртина од средбата која избраниците на селекторот Никола Василев ја решија во своја полза со 33:14 и до крајот на мечот не само што ја одржуваа убедливата предност туку и постојано ја зголемуваа за конечен триумф од 36 поени разлика.

Во овој дуел сите кошаркари кои се најдоа во записникот успеаа да се запишат во листата на стрелци, а најефикасен со 15 поени беше Марко Миловановиќ, Лука Савичевиќ постигна 13 и додаде девет асистенции додека Павел Даниловски мечот го заврши со 12 поени.

Во првиот дуел од нашата група Шведска славеше над Косово со 81:69, а слободна беше репрезентацијата домаќин на турнирот, Грузија.

Утре селекцијата на Македонија ќе се соочи со Шведска, а почетокот на натпреварот е закажан за 16 часот и 45 минути.