Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жетвата на житото пред крај

/

пред 1554 дена

Сподели преку :

Жетвата на житото низ земјава е на самиот крај. Земјоделците од штипскиот и овчеполскиот регион велат дека пченицата ја складираат во амбарите, ја чекаат производната цена.

Цената и на јачменот и на пченицата, лебното зрно е повисока од лани, но трошоците се за неколкупати зголеми.

Цената на лебното зрно, како што велат земјоделците не се откупва за 20 до 22 денари. Токму производната цена што треба да најнискиот праг се уште не е дефинирана.

Од Асоцијацијата на земјоделци побараа цената на пченицата да биде една третина од онаа на брашното. Поради високите цени на нафтата и ѓубрето ќе работат со загуба.

Стојан Стоменов селото Таринци 50 години се занимавал  со земјоделие, се оставил зад себе, а сега само помага при жетвата на свои роднини и пријатели.

Производство на пченица е  на ниво на ланското, преку 255 000 тони, но во овчеполскиот регион се намалени приносите, поради климатските промени.

Ресорниот министер вети дополнителни субвенции за есенската сеидба, но и дополнителна поддршка до 100 евра по хектар за зголемен принос на житни култури за оние кои ќе го предадат во домашни преработувачки и откупни капацитети.

Викторија Јованова