Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За време на карантинот слепо лице од радовишко останало без леб

/

пред 2219 дена

Сподели преку :

Слепо лице од радовишко село останало три дена без леб за  време на карантинските месеци. Ова е само дел од низата од проблеми со кои се соочиле слепите лица за време на вонредната состојба. За разлика од радовишанецот кој живее сам, штипјанките Благородна Ристова и Ливатна Дивчова стравот и депресијата во време на пандемија ги победувале со семејствата, едната во куќа, а другата во стан.

Спред анализите на психолозите по пандемијата, околу 20 % од населението на земјината топка ќе страда од  депресија, а посебно ќе биде изразено кај лицата со било каков хендикеп.

Здружението на слепи слица пред есенскиот бран на коронавирусот ќе побара обука на професионални асистенти за нивните членови, а по примерот на Скопје, Битола и  Куманово.

Лицата со белите стапови живеат во темнина, таа на почеток им носела болка, срам, дискриминација. Коронавирусот на сите им го поремети животот, токму стоте членови на штипското здружение со средства од Владата преку проект наредните месеци ќе ги надминуваат психолошките, но и економски предизвици.

Викторија Јованова