Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на новозаразени и хоспитализирани

/

пред 1539 дена

Сподели преку :

Летниот бран на коронавирусот во Австрија не само што го зголемува бројот новозаразени, туку почна да ги погодува и болниците бидејќи бројот хоспитализирани пациенти со Ковид повторно го достигна нивото од крајот на јануари.

Според австриското Министерство за здравство, моментално во болниците има 1.235 пациенти со Ковид, од кои 77 се на одделенија за интензивна нега.

За само една недела бројот на заболени од Ковид, со тешка форма на болеста, на одделенијата за интензивна нега е зголемен за 57 отсто.