Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јончевски нов селектор на кошаркарската репрезентација

/

пред 1539 дена

Сподели преку :

Александар Јончевски е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и на чело на националниот тим доаѓа како замена за Драган Бајиќ, кој вчера се повлече од функцијата.

Четириесет и едно годишниот Јончевски во изминатиов период беше дел од стручниот штаб, а на два меча од квалификациите за Светското првенство и ја предводеше селекцијата бидејќи Бајиќ мораше да замине во изолација поради позитивен тест на Ковид-19.

Јончевски беше дел и од стручниот штаб на Марјан Србиновски на Европското првенство во 2015-тата, беше дел од тренерскиот тим додека репрезентацијата ја водеа Марјан Лазовски и Јорданчо Давитков.

Во соопштението на Федерацијата се истакнува дека меѓу помошниците на Јончевски ќе бидат актуелните селектори на репрезентациите до 20 и 18 години, Никола Василев и Никола Велев, а за физичката подготовка ќе биде задолжен Сашо Пецев.

Јончевски на новата функција ќе дебитира на 25 август во првиот претквалификациски дуел за пласман на Европското првенство против Данска, а три дена подоцна во Скопје го очекува дуелот со Словачка.

ФОТО: Игор Паневски