Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Јуџин денеска ќе се доделат четири комплети на медали

/

пред 1539 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин денеска ќе има само попладневна сесија во која на програмата се четири финални дисциплини.

Од 2:40 часот по средно-европско време почнува финалето во скок во височина во женска конкуренција. Дваесетина минути подоцна ќе се одржат трите полуфинални трки на 200 метри кај дамите, а за 3:33 часот закажан е почетокот на финалето во фрлање диск кај мажите.

Потоа следуваат полуфиналните трки на 200 во машка конкуренција, а програмата завршува со две финални натпреварувања.

Во 4:30 часот почнува финалето на 1500 метри, а дваесетина минути подоцна закажан е стартот на трката за медали на 400 метри со пречки за мажи.

ФОТО: Игор Паневски