Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкендија на чекор до пласман во третото коло

/

пред 1540 дена

Сподели преку :

Шкендија ја продолжува одличната серија на резултати во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци на гостувањето против Валмиера во првиот дуел од второто квалификациско коло успеа да забележи победа од 2:1 и е на чекор до пласман во третата рунда од третото по ранг европско клупско натпреварување.

Шкендија поведе уште во деветтата минута со погодокот на Љупче Дориев. Во последните моменти од првиот дел Џибрил Гуеје успеа да го израмни резултатот, но во 63-тата Сидрит Гури се запиша во листата на стрелците за триумф на Шкендија од 2:1.

Нашиот претставник во текот на целиот натпревар беше далеку подобар противник и можеше да забележи и поубедлива победа, но и ова е одлична предност пред реваншот во Скопје и може да се надеваме дека Шкендија ќе ја мине втората рунда од квалификациите.

ФОТО: Игор Паневски