Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина легендата на германскиот фудбал Уве Зелер

/

пред 1540 дена

Сподели преку :

Легендата на Хамбургер и германската фудбалска репрезентација, Уве Зелер почина на 85 годишна возраст.

Зелер е роден во Хамбург и целата играчка кариера ја мина во ХСВ за кој во две децении одигра 580 натпревари и постигна 490 погодоци.

Со Хамбургер тој во 1960 година ја освои шампионската титула во Германија и во таа сезона беше најдобар стрелец со 30 гола, а со својот клуб има еден триумф во националниот Куп, а три пати ја освојуваше титулата за најдобар фудбалер во Германија и тоа во 1960, 1964 и 1970.

Во периодот од 1954 до 1970 година за репрезентацијата одиграл 72 меча и постигна 43 погодоци.