Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов дебакл на ракометните надежи на ЕП

/

пред 1536 дена

Сподели преку :

Македонската машка младинска репрезентација доживеа нов убедлив пораз на Б Европското првенство што се одржува во Бугарија.

Овој пат нашата селекција е совладана од Швајцарија со 31:14 и по комплетирањето на сите натпревари во групата, Македонија го освои четвртото место.

Според пласманот во овој дел од натпреварувањето нашите млади ракометари ќе разигруваат за пласман од петтото до осмото место.

Доколку во следниот меч против Литванија успееме да забележиме победа не очекува дуел за петтата позиција со победникот од натпреварот Украина – Луксембург, а доколку доживееме пораз тогаш со поразениот играме за седмото место.

ФОТО: Игор Паневски