Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорчевска во финалето на ИТФ турнирот во Чешка

/

пред 1534 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска продолжува со одличните настапи на тениските турнири.

Таа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во чешкиот град Оломуц откако во полуфиналето по голема борба во меч што траеше 2 часа и 13 минути со 2:1 по сетови 6:2, 3:6 и 6:3 славеше над Дарија Астакова.

Ѓорчевска која на турнирот е поставена како 12-та носителка во финалето ќе се соочи со третата фаворитка Сара Бејлек од Чешка која триумфираше со 6:3 и 6:2 во дуелот против Сада Нахимана од Бурунди.

ФОТО: Игор Паневски