Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италијанско-норвешко финале во Гштад

/

пред 1534 дена

Сподели преку :

Норвежанецот Каспер Руд и Матео Беретини од Италија се пласираа во финалето на АТП турнирот во Гштад.

Првиот фаворит, Руд експресно за само 63 минути препуштајќи му на противникот само два гема славеше во дуелот против Алберт Рамос Вињолас додека Беретини пласман во финалето обезбеди по триумфот над Доминик Тим совладувајќи го со 6:1 и 6:4.

Руд во Гштад ќе ја брани титулата освоена пред една година и во својот 13-ти настап во едно финале ќе се бори за деветтиот трофеј во кариерата.

Додека Беретини ќе атакува на осмата турнирска победа откако до третото последователно финале стигна по 12-от едно подруго триумф на АТП турнирите.