Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет финални дисциплини на последниот ден од СП

/

пред 1534 дена

Сподели преку :

Први кои ќе се искачат на подиумот се одачите на 35 километри, а во вечерниот дел од програмата борбата за трофеи почнува со фрлање копје за мажи, а потоа следува женското финале во скок во далечина и трката на 5000 метри во машка конкуренција.

Во вториот дел од завршниот ден ќе биде позната светската шампионка на 800 метри, потоа ќе на програмата е трка на 110 метри со пречки. Денеска ќе бидат познати и освојувачите на медали во десетобој каде од битката за највисок пласман отпадна првиот фаворит Демијан Ворнер кој се повреди за време на трката на 400 метри.

Последното финале во поединечна конкуренција е настапот на најдобрите на 1500 метри, а во последните две дисциплини ќе се поделат медалите во штафетите 4 пати по 400 метри во машка и женска конкуренција.