Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов светски рекорд на Дуплантис

/

пред 1533 дена

Сподели преку :

Арман Дуплантис продолжува да ги поместува границите во скок со стап.

Дваесет и две годишниот Швеѓанец на Светскиот шампионат во Јуџин во финалето прескокна 6 метри и 21 сантиметар и го подобри сопствениот светски рекорд во оваа дисциплина.

Тој во финалето прво забележа скок од 606 сантиметри со што го надмина рекордот на шампионатите на Димитриј Марков поставен пред 21 година во Едмонтон, а потоа прескокна 6 метри и 21 сантиметар.

Второто место во финалето му припадна на Американецот, Кристофер Нилсен кој забележа скок од 5 метри и 94 сантиметри, а трет е Ернест Џон Обиена од Филипини кој со 5.94 постави нов рекорд на Азија.

ФОТО: Игор Паневски