Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седлоски: Динамо е фаворит, но со добра игра да дојдеме до поволен резултат

/

пред 1537 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи утре од 21 часот на арената Тодор Проески против Динамо Загреб ќе го одиграат реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

По нерешениот резултат на Максимир, македонскиот првак со право се надева дека може да направи сензација и да го елиминира фаворизираниот противник.

“Секако дека повторно хрватскиот шампион е фаворит, но ако ги погледнам овие изминати денови на кои работевме по натпреварот навистина ми даваат позитивни надежи затоа што гледам со каков мотив и елан фудбалерите го чекаат утрешниот дуел. Знам дека ќе го дадам максимумот, и со една добра игра повторно да дојдеме до добар резултат кој и би не однел во следната рунда од квалификациите за ЛШ. Знаеме дека тие 2-2 не треба да не залажуваат затоа што пред нас е максимално сериозен противник како Динамо Загреб, за кого знаеме што и како значи во европски рамки. Но, токму тоа значи и дека притисокот е кај нив и ние тоа треба да го искористиме”, истакна шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.

ФОТО: Игор Паневски