Пожарот во источниот дел на воениот полигон Криволак е локализиран, но се уште тлее и се набљудува, изјавија за Телма претставници на Армијата.
Преку ноќта пожарот се смирил и на некои места се изгаснал самиот бидејќи станува збор за ниско стеблеста вегетација која била зафатена со огнот.
Од утрово извршени се повеќе налети со воен хеликоптер кој дејствувал во пожарот со 26 тони вода.











