Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чачиќ: Заслужено одиме понатаму, Шкупи ни правеше многу проблеми

/

пред 1535 дена

Сподели преку :

Фаворитот во дуелот против Шкупи, Динамо Загреб потешко од очекувањата се пласираше во следната фаза од квалификациите во Лигата на шампионите.

Првакот на Хрватска не воодушеви во двете средби со Чаирчани кои се чини дека пропуштија шанса за сензација.

“Самиот меч беше очекувано тежок. Во првиот дел не успеавме да дојдеме до резултат, иако имавме некои добри ситуации. Шкупи ни правеше доста проблеми. Сепак, дојдовме заслужено до гол и кога се ќе сумира заслужено сме во следната рунда на ЛШ. Нашиот капитен Аријан Адеми е играч кој дава се од себе за тимот, даде доста важни голови од таа позиција. Неговиот учинок е голем за нас, гол и асистенција дома, гол на гости”, изјави шефот на стручниот штаб на Динамо, Анте Чачиќ.

ФОТО: Игор Паневски