Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова судиска тројка за натпреварот во Софија

/

пред 1534 дена

Сподели преку :

Судиската комисија на УЕФА во последен момент направи измена на арбитрите кои ќе ја делат правдата на реванш дуелот од второто квалификациско коло во Конференциската лига меѓу ЦСКА и Македонија ЃП.

Наместо англиската четворка предводена од Дејвид Кут делегирани се арбитри од Романија предводени од Марсел Бирсан.

Кут во текот на својата кариера бил главен судија на 20 мечеви во Премиер лигата и барем до овој момент нема објаснување од УЕФА зошто во последен момент е направена измената.

Инаку Бирсан пред една година и судел на ЦСКА во мечот против Лиепаја кој завршил без голови додека пред две сезони бил четврти артбитар на соочувањето со БАТЕ Борисов.

ФОТО: Игор Паневски