Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руските и американските спортисти најчесто тестирани на ЗОИ во Пекинг

/

пред 1530 дена

Сподели преку :

Светската анти-допинг агенција го објави извештајот за активностите во текот на Зимските олимписки игри што се одржаа во Пекинг оваа година.

Во текот на натпреварувањето претставниците WADA земале примероци од вкупно 3100 спортисти што е 55% од вкупниот број на учесници, а меѓу нив биле натпреварувачи од сите земји кои биле дел од Игрите.

Најмногу примероци се земени од спортистите од Русија, САД и Канада, а најчесто се контролирани натпреварувачите во алпските скијачи од кои се земени 552 примерока, 416 од биатлонците, а трети се хокеарите со 368.

Од вкупниот број на тестирани позитивни се четири учесници и тоа иранскиот скијач Хусеин Самех Шемшаки, украинската скијачка Валентина Каминскаја и нејзината сонародничка што се натпреварувала во боб Лидија Гунко како и лизгачката од Шпанија, Лаура Баркеро.