Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјани денеска ја чекаат новата цена на парното, која според берзанските пресметки треба да поскапи 150%

/

пред 1541 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје која ќе важи од 1 август.
На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

Цената на греењето најмногу зависи од гасот, кој во споредба со лани е драстично поскапен.  Ако државата не најде начин како да интервенира, зголемувањето  реално  би требало да биде и до 150 проценти. Сепак,  надлежните уверуваат дека се прави се да се ублажи ценовнио шок.

И за експертската јавност  неизбежно е ново поскапување на греењето. Но сметаат  дека одлуката за новата цена, треба да биде реална за  да  може компанијата која ќе го врши снабдувањето со топлинска енергоија да работи како што треба.

Тендерот за избор на фирма која треба да  го врши снабдувањето од октомрви се уште не е објавен. Не се знае ниту дали и од каде ќе се обебзеид гас или пак  топланите ќе работата на мазут.   Минисетрот Бектеши рече дека повикот ќе се објави деновиве.  Рокот  за избор на фирма е до крајот на септември. ЕСМ   веќе ги  прави подготовките за да може да се јави на тендерот. Првиот човек на  државните електрани Ковачевски уверува  дека компанијата имаат капацитет да ја преземат работењето  на БЕГ која ги изгуби трите лиценци. Првично ќе работата со свој кадар , но ќе земат луѓе и од Балкан Енерџи.  Ако има потреба ќе се вработат и нови лица.

Последната корекција на цената на парното беше направена  во декември лани и тогаш поскапе за 14 отсто. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. Засега нема знаци дека во најскоро време цената на гасот на берзите ќе се стабилизра.