Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Аеродром се истовараат кучиња скитници од други градови, општината издвои милион денари за проблемот

/

пред 1524 дена

Сподели преку :

Преку партнерство во скопското јавно претпријатие „Лајка“, општината ќе ја подигне безбедноста на граѓаните, но и ќе воспостави долгорочен и ефикасен систем за хуман третман на бездомните животни.

Во рамки на договорот за соработка со ЈП Лајка, општината ќе издвои над 1 милион денари (околу 16.300 евра) за ефикасно решавање на проблемот со бездомните животни.

– Оваа одлука доаѓа по забелешките кои пристигнуваат до општината и фактот дека неопходно е што побрзо решавање на овој проблем, објави општината на својата фејбук страна.

Од таму информираат дека претходниот период пристигнале многу пријави за истоварање на голем број кучиња скитници од товарни возила со регистарски таблички од други градови, со што проблемот во Аеродром се зголемил.