Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фаворитот Шпанија противник на кошаркарите во елиминациската рунда

/

пред 1524 дена

Сподели преку :

По трите порази во првиот круг од Европското првенство за кошаркари до 18 години, репрезентацијата на Македонија во разигрувањето за пласман ќе се соочи со еден од главните фаворити за највисок пласман, селекцијата на Шпанија.

“Црвената фурија” во првиот дел од натпреварувањето забележа три убедливи победи во мечевите против Словенија, Грција и Чешка, а денеска во дуелот со Македонија решава за пласман во четврт-финалето.

Доколку забележиме победа за влез во полуфиналето ќе се соочиме со победникот од мечот меѓу Италија и Грција, а со пораз играме со противникот што ќе загуби и ќе разигруваме за пласман од деветтото до 16-тото место.