Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во август минималните потреби на домаќинствата изнесувале 33.538 денари

/

пред 2215 дена

Сподели преку :

Триесет и три илјади и петстотини и триесет и осум денари е вредноста на синдикалната  минимална кошница за август годинава. Тоа биле потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки…

Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за врдноста на синдикалната минимална кошница, покажуваат дека најголем дел од средствата се трошеле на исхрана и пијалаци  41,81 отсто или 14.022,45 денари. Потребите за домување биле 10.780,47 денари или 32,14 отсто, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.366,04 денари, за превоз 2.466,69 денари, за облека и обувки 2.118,95 денари.

За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716,20 денари или 2,14 отсто. Просечната исплатена нето плата во јуни годинава изнесува 26.867 денари, според тоа 53,47 отсто се троши на храна и пијалоци, 38,79 отсто за домување, 30,47 за комунални трошоци, а 8,32 отсто за покуќнина, опрема за куќа и одржување.  За хигиена се трошеле 8,67 отсто, односно за одржување лична хигиена 3,56 отсто, а за одржување хигиена на домот 5,11 отсто, за превоз 9,11 отсто, за облека и обувки 7, 98 отсто, култура 3,97 отсто, одржување на здравјето 2,64 отсто.