Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарските надежи со нов пораз на Европското првенство

/

пред 1524 дена

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија на Европското првенство за играчи до 18 години доживеа нов пораз и тоа четврти во низа.

Овој пат од нашата селекција поуспешна беше Шпанија која во осминафиналето триумфираше со 73:45.

Нашите надежи беа рамноправен противник само во првиот период од натпреварот кога имаа негатива од само пет поени, а потоа како одминуваше времето, фаворитот постојано за зголемуваше разликата за конечен триумф од 73:45.

Прв стрелец во репрезентацијата на Македонија беше Теодор Симиќ со 11 поени додека Петкоски постигна девет.

По вечерашниот пораз нашата селекција ќе разигрува за пласман од деветтото до 16. место, а прв противник ни е репрезентацијата на Грција.