Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради ниската откупна цена земјоделците, пченицата и јачменот, ги чуваат складирани во силоси

/

пред 1533 дена

Сподели преку :

Производителите на пченица и јачмен тактизираат, поради ниската откупна цена. Околу 70 проценти од приносите ги складирале во силосите и амбарите, поради  се уште недефинираната производствена цена на лебното зрно. Годинава приносите во штипскиот и овчеполскиот реггион потфрлија, поради ненавремето фрлање на ѓубре, кое лани се продаваше за 600, а годинава за 2.200 денари.

Земјоделците сметаат дека битката со производство на храна ја губат, поради климатските промени, сушата, уништениот систем за наводнување. Сарафимов  смета дека ако државата не помогне со субвенционирање, многу од земјоделците ќе се откажат од земјоделство и сточарство.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека треба да се работи на односите со млинарите. Очекуваат производствената цена на пченицата да изнесува над 22 денари. Дел од производителите го имаат предадено родот во млиновите и имаат склучено договори, со кои пченицата да им се плати,  кога тие ќе сакаат. Според последните податоци  во земјава се произведени околу 267.000 тони пченица, лебно зрно.

Викторија Јованова