Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкупи со победа обезбедува европска есен

/

пред 1522 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи вечерва од 21 часот на арената Тодор Проески ќе го одиграат реванш дуелот од квалификациите во Лига Европа, а противник е претставникот на Република Ирска, Шамрок Роверс.

Гостите во Скопје допатуваа со предност од 3:1, а во редовите на нашиот првак веруваат дека ќе успеат да ја надополнат негативата со пласман во разигрувањето за влез во Лига Европа практично ќе бидат вториот клуб од земјава што ќе биде дел од фазата по групи во едно европско клупско натпреварување.

Имено со пласман во плеј офот за влез во Лига Европа и при евентуален пораз во оваа фаза, Шкупи има гарантирано место во Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани вечерва очекуваат полни трибини, силна поддршка од навивачите со која ќе дојдат до најголемиот успех во клупската историја.

ФОТО: Игор Паневски